На лагите на Филипче им нема крај. Филипче лаже за вакцините и не знае кај тера. Филипче рече вакцина за корона ќе имало на почеток на следната година за тоа да стане март, а денес веќе да дели лекции Македонија била мал пазар па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
– И додека Филипче решил да наоѓа вакцини од донации, граѓаните немаат ни основна терапија за лечење корона. И не само корона, антикоагулантот е потребен за многумина. Ама за Филипче ја имало дефицитарната антикоагулантна терапија?! Наместо одговор зошто го нема познатиот Клексан и граѓаните молат на секоја врата за лек, затоа што тешко, речиси невозможно е лекот да се набави, Филипче вели има доволно. И пак според неговата логика граѓаните лажат, а тој е безгрешен! Сега неговата неспособност резултира со тоа граѓаните да се снаоѓаат за лекот на црниот пазар. Наместо тој на почеток на годината да направи реорганизација на здравствениот систем во смисла да има просторни услови, медикаменти и човечки ресурси, Филипче ги остави работите сами од себе да се решаваат. И да, Филипче ја направи Македонија единствена земја каде медицински персонал бара здравствено осигурување, плата, пари за дежурства – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Филипче го направил здравството најлошо од најлошите можни во светот.