Во Велешката болница почина 75-годишна пациентка

На кислородна поддршка се 14 пациенти, информираше портпаролот д-р Елеонора Јованова.

299

Во Општата болница Велес хоспитализирани се 46 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни на  ковид-19, непотврдени се двајца, негативни 16, но тие болнички се лекуваат се уште поради влошена здравствена состојба.

На кислородна поддршка се 14 пациенти, информираше портпаролот д-р Елеонора Јованова.






Утрово почина пациентка на 75 -годишна возраст од Велес, лекувана четири дена на Инфективното одделение. На ова одделение има 35 пациенти, на Физикална четири.

На двете ковид-одделенија има слободни места. Интерно Б крак има седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан ковид-19. Испишани се и пет оздравени пациенти.

Поврзани содржини