Заев: Голем дел од анализите за кратење на институциите се изработени

. Ветувањето е дека во четиригодишниот мандат ќе се случи кратење на самите институции и овде целосно ги исполнуваме дадените ветувања, одговори премиерот Зоран Заев.

200

Голем дел од анализите за кратење на институциите се изработени, а се работи заедно со ЕУ. Предлогот е економски институции, образовни, здравствени иниституции, да се припојат, а рековме дека во првите 100 дена ќе почне да се прави анализа и таа се прави. Ветувањето е дека во четиригодишниот мандат ќе се случи кратење на самите институции и овде целосно ги исполнуваме дадените ветувања, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за анализата за евентуалното кратење на неопходни институции, како и за ветувањето за анализа за кадровски промени.

При крај е систематизирањето на методологијата за прочистување и се очекува до крајот на оваа недела да ја усвои и Судскиот совет, а на 28 декември да биде на седница на Советот за реформи во правосудството, информираше министерот за правда Бојан Маричиќ.






– Мал дел од критериумите за филтрирање би биле утврдување дали има неоправдано одложување на рочишта од страна на судиите, непочитување или пречекорување на законските рочишта, застарување на гонење и извршување на санкциите во кривичните предмети, неправилна одлука или приговор за застареност од странките итн.. – појасни Маричиќ, додавајќи оти се работи заедно со одговорните тела, како што се Судскиот совет, Советот на јавни обивнители и јавното обивнителство.

За советниците на вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, премиерот Заев одговори дека вицепремиерот почнал постапка на разговори, консултација односно со консултанти, не со советници, не платени нови советници или функционери, туку, како што рече Заев, на консултации со огромна група граѓани, преку 20, 50, стотина, се со конечна цел, да се соберат информации од сите страни за да се создаде национална економска стратегија, по која треба сите овде да се придржуваа.

– Голем дел овде се луѓе и од опозицијата, двајцата споменати се повлекоа под критики на јавноста, тој се повлече. Сакам да ги потврдам принципите. Често разговарам јас со Мицкоски, за кој мислам дека подеднакво е инволвиран, виновен во глупости од тој период 2006 до 2016 година, па седнуваме разговараме на вакви теми. Тоа не значи дека некој е член на Влада, учествува во советник во кабинет на некој министер, потпретседател на Влада или слично. Но затоа сме транспарентна влада веднаш реагираме и така соодветно реагираше потпретседателот на Влада Битиќи – изјави Заев.

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање во однос на истрагите за автопатишта и во таа насока за околу 155 милиони евра, информира дека за тоа се водат судски постапки. Изрази убедување дека согласно доказите и аргументите оти ќе има и судска пресуда заради тоа што, посочи, видовме дека аболициите не се на сила односно не може никој да ги поништи. Судските предмети од СЈО кои се уште не се завршени, потенцира Заев, продолжуваат по законски, транспарентен пат, преку правосудсните државни органи.

Поврзани содржини