Груби: Со Бугарија не се преговара за јазични и идентитетски прашања

Владењето го започнавме со демонтрација на законитост преку рушење на дивоградбата во Чаир поддршка на општината за да се испрати јасен сигнал за нашата определеност - рече Груби.

317

Владата работи на создавање ново општество со еднакви права и обврски за сите граѓани, на остварување на целта за интеграција во Европската унија со цел подобар живот на сите граѓани. Во таа насока, морам да кажам дека во ниеден момент со Бугарија не се разговара за јазични и идентитетски прашања и нема простор за никаво стравување, порача денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби.

– Во својство на највисок претставник на албанската заедница во нашата Влада, би сакал да дадам целосна поддршка до македонската заедница во заедничките напори да ги започнеме преговорите за членство во Европската унија и да повторам и уверам дека во ниту еден момент со нашиот сосед не се разговара за јазично идентитекски прашања и затоа нема воопшто простор за било какво стравување. Најдобра потврда за тоа е денешната перспектива две години по уставните измени и Преспанскиот договор при што станавме членка на НАТО со меѓународно потврдена заедничка држава и по исти такви стравувања – рече Груби во рамки на отчетот за сработеното на Владата за првите 100 дена.






Тој ја искористи приликата да ја повика опозицијата на конструктивна соработка, бидејќи како што рече, она што таа до сега го прави и нуди не добива поддршка од граѓаните.

– Вчерашните победи во Пласница и во Штип се потврда и се предгласник за тоа што ќе следи во октомври наредната година. Вчерашниот ден е сигнал дека координираното и свесно бојкотирање на седниците на Собранието, радувањето за неодржувањето на меѓувладината конференција со ЕУ и секојдневно блокирање на улици за измислена кауза не поминува и нема поддршка. Затоа јас заеднички ги повикувам опозициските партии, да ја прифатат нашата поддадена рака за искрена соработка, заедништво и конструктивност – истакна вицепремиерот Груби.

Тој истакна дека во владината коалиција постои кохезија и оти сите чинители во неа заеднички работат во интерес на сите граѓани.

– Откако станавме членка на НАТО го заокруживме нормативниот дел на Охрискиот договор и ги спроведовме итните системски реформи, а тоа е економска преродба владеење на правото и кристално чисто заслуженото членство во Европската унија заедно со придружни елементи за подобар живот на сите граѓани. Коалицискиот договор е продукт на компромис и е склоп на најдобрите решенија за реализација на проектите во наредните три и пол години. Владењето го започнавме со демонтрација на законитост преку рушење на дивоградбата во Чаир поддршка на општината за да се испрати јасен сигнал за нашата определеност – рече Груби.

Поврзани содржини