Препорака за измени на условите за користење на лекот Ремдесивир против ковид-19 во ЕУ

Новите услови предвидуваат дека лекот може да се користи кај пациенти на кои им е потребен кислород или друга неинвазивна вентилација на почетокот на терапијата.

767

Европската агенција за лекови денеска препорача усвојување измени на критериумите за издавање на условна лиценца за лекот Ремдесивир во Европа.

Целта е да се разјаснат условите под кои Ремедесивир може да се користи како терапија за ковид-19.






Новите услови предвидуваат дека лекот може да се користи кај пациенти на кои им е потребен кислород или друга неинвазивна вентилација на почетокот на терапијата.

Ремдесивир веќе е индициран за употреба кај пациенти постари од 12 години, со минимална тежина од 40 килограми, кои имаат пневмонија и на кои им е потребна поддршка при дишење.

Поврзани содржини