Во екстремно бизарната и многу популарна документарна серија на „Нетфликс“ „Tiger King: Murder, Mayhem and Madness“ наголемо се зборуваше во 2020 година, а публиката ширум светот не ја криеше шокираноста од она што го виде. Фалената серија го следи конфликтот на сопствениците на приватните Зоолошки градини со егзотични животни во САД и здруженијата за заштита на животните, предводени од извесната Керол Баскин.
Иако е осуден за обид за убиство на Баскин и моментално е зад решетки, главниот протагонист на серијата Џо Егзотик (57, кај многумина предизика симпатии поради неговиот препознатлив став и изглед.
Незаборавниот Џо стана оваа година тема на Ноќта на вештерките во семејството Кардашијан-Вест, а сопната ѕвезда на Нетфликс тоа го искористи за да контактира со несудената адвокатка Ким Кардашијан.
– Не ти го пишувам ова како Џо Егзотик, туку како Џозеф Малдонадо, обичен човек кој лежи невин зад решетки. Јас би те замолил да одвоите 10 минути од вашето време и да му се јавите на претседателот Доналд Трамп. На тој начин ќе ми помогнеш, и тој може да ме смилува. Моето барање од 257 страници чека на ред, и таму покажува дека не сум виновен. Сакам да се вратам кај сопругот – стои во писмото што и го испратил Exotic.
Ова не е првото писмо испратено од Џо од затворот и се чини дека животот зад решетки му паѓа многу тешко. Неодамна напиша дека изгубил многу килограми, дека не се чувствува добро и не верува дека ќе преживее лишен од слобода долго време.
ФОТО: Инстаграм/ginemargrethe
ФОТО: Фејсбук
Foto: Pixsell/Reuters/Instagram/Promo