Познатата актерка Памела Андерсон објавила своја фотографија во бикини на Твитер. Актерката на фотографијата држи транспарент „Австралија, врати го дома Асанж“, а на објавата го спомнала и американскиот претседател Доналд Трамп.
Актерката од самиот старт апелирала Асанж да се ослободи и остро ги критикувала Велика Британија, Еквадор и САД.
Памела не се откажува од идејата Асанж да биде ослободен, па овој пат му се обратила директно на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и на австралиските власти.
Имено, актерката на Твитер објавила своја фотографија во бикини, на која држи транспарент.
“Австралија, врати го дома Асанж”, пишува на транспарентот.
Актерката на Асанж му пружала поддршка од самиот почеток. Таа во неколку наврати јавно зборувала дека Асанж би можел да умре во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Потсетуваме, Асанж бил уапсен минатата година откако бил протеран од еквадорската амбасада во Лондон, каде престојувал од 2012-та година.
Американското министерство за правда го сомничи за заговор со поранешниот американски војник Челси Менинг, поради откривање на доверливи документи.
@POTUS please #pardonjulianassange pic.twitter.com/WZN63ClyqU
— Pamela Anderson (@pamfoundation) December 7, 2020