Извозот намален за 11,9, а увозот за 10,8 отсто за десет месеци

Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1,63 милијарди долари.

163

Вкупната вредност на извозот на стоки  во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5, 28 милијарди долари и бележи пад од 11,9 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6, 92 милијарди долари, што е за 10,8 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.






Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1,63 милијарди долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена во периодот јануари – октомрви 2020 година земјата најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Изразено во денари, вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 287,0 милијарди денари и бележи пад од 12,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари – октомври 2020 година, изнесува 376, 5 милијарди денари, што е за 11,5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 89, 5 милијарди денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 76.2 %.

Поврзани содржини