Спасовски: Моето Куманово го ослободиле партизаните

715

Моето Куманово го ослободиле македонските партизани на 11 Ноември, Македонија е ослободена во борбите на Народнослободителната борба против фашизмот. Ова се факти за кои не треба да дебатираме. Но, ако не си простиме за тоа што се случувало во минатото, не може да одиме напред, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по интервјуто на премиерот, Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Спасовски не прецизира дали стои зад ставовите на премиерт од интервјуто, но од она што гокажа можеше да се заклучи дека му дава поддршка на Заев, откако експретседателот на СДСМ Бранко Црвенковски побара партијата да се огради од сегашниот лидер Заев.






Тој на пресот во Владата истакна дека зборува како министер за внатрешни работи.

– Многу е важно уште еднаш да се повотрат некои факти кои се неспорни АСНОМ е историска потврда на македонскиот јазик и иденетитет и нашата државност почива врз делата на антифашизмот и тоа не било и не смее да биде доведено во прашање – рече Спасовски.

-Но ако не простите за тоа што се случувало, не може да одите напрад. Тоа е и заложбата на премиерот да направиме сѐ за изнаоѓање на решенија, такви решенија се изнаоѓаат само преку дијалог – рече Спасовски.

Поврзани содржини