Кристијано Роналдо со емотивна порака се прости од Марадона: Беше генијалец, вистински волшебник! (ФОТО)

Аргентинските медиуми вечерва објавија дека Марадона починал откако доживеал срцев удар. Лекарите се обиделе да го спасат, но за жал не успеале во тоа.

706

Еден од најдобрите фудбалери на денешницава, Кристијано Роналдо, се огласи на Твитер откако дозна дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, починал.

Аргентинските медиуми вечерва објавија дека Марадона починал откако доживеал срцев удар. Лекарите се обиделе да го спасат, но за жал не успеале во тоа.






„Денеска се збогувам со пријател и светот се збогува со вечен генијалец. Еден од најдобрите досега и неверојатен волшебник. Тој замина прерано, но остави наследство што нема граници, но исто така и празнина што никогаш нема да се пополни. Почивај во мир, легендо. Никогаш нема да те заборавам“, напиша Роналдо.

Поврзани содржини