ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо да глуми да го праша Ацевски зошто ја тепаше сопругата?!

786

Зоран Заев наместо да глуми борец за правата на жените, да се сврти зад себе таму ќе го најде својот партиски функционер Костадин Ацевски и да го праша зошто ја тепаше сопругата и зошто со тоа го малтретираше семејството? се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

„На 27.11.2019 год во 21,30 часот во СВР Скопје се јавила М. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот, стои во информацијата од МВР. Ова е извадок од изјавата на МВР дадена за медиумите ден откако Ацевски ја тепал својата сопруга. Ова е пример како се однесуваат функционерите на власта. Ацевски е пример за насилието на СДСМ и како едно зборуваат, а друго прават. Зоран Заев и СДСМ се партија која само козметички ги шминкаат работите, а во суштина се крие насилие и говор на омраза“, реагира опозициската партија.

Поврзани содржини