Никола Пановски за лекувањето на ковид-19: Волку лекови одеднаш ни здрав атлета не би ги издржал!
Професорот апелира до Министерството за здравство и до Лекарската комора на Македонија итно да преведат протоколи за ковид-19 и да ги објават. Ги препорачува хрватските и нагласува дека лудилото и епидемијата од полипрагмазија (неоправдана и непотребна употреба на лекови) мора да престане.
Професорот Никола Пановски денеска објави на својот профил на Фејсбук приказ за лекување на пациент со ковид-19 во еден град во внатрешноста и што сѐ му било пропишано на еден пациент. Ја пренесуваме во целост неговата објава:
„По непроспиена ноќ и консултација со пет колеги, кои ги почитувам, а се активни во борбата против ковид-19, и нивниот одговор 4:1, дека треба да објавам приказ на случај на пациент, не го знам, воден од интернист и него не го знам (резултатите се со избришани имиња и ЕМБГ, ги имаат петте колеги и министерот Филипче, не би ги објавувал оригинално, сепак):