Верниците го бакнуваат стаклениот ковчег во кој е изложено телото на Иринеј (ФОТО)
По литургијата, телото на покојниот патријарх Иринеј ќе биде пренесено во Храмот „Свети Сава“ во Врачар.
Верниците денеска се простуваат од српскиот патријарх Иринеј, кој почина по компликации од коронавирусот, вчера во Белград.
Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија. Ковчегот се наоѓа во средината на храмот и е целосно затворен, а во горниот дел е покриен со стакло.
Литургијата ја служи митрополитот дабробосански Хризостом, со сослужение на епископот шумадиски Јован, крушевачкиот Давид и нишкиот Артемије.
По литургијата, телото на покојниот патријарх Иринеј ќе биде пренесено во Храмот „Свети Сава“ во Врачар.
Патријархот кој почина на 90-годишна возраст, ќе биде погребан утре во криптата на храмот „Свети Сава“.
