Турски полицајци, пратеник и новинар меѓу мигрантите во рибарски брод во Грција
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, во интервју за грчјата телевизија „Скај“ утрово рече дека бродот имал легални документи за пловидба, а турските државјани засега не поднеле барање за азил.
Во рибарски брод со 65 лица, што пристигнал во грчкиот град Катаколо во западниот дел на Пелопонез, заедно со мигрантите имало и 30 турски државјани, меѓу кои полицајци, пратеник, новинар и универзитетски професори, објавија грчките медиуми.
Според истите информации, половината од патниците во бродот, односно 35 лица биле мигранти од Авганистан и Ирак, а веројатно Италија била крајната дестинација.
Како што пренесува информативниот портал „Илиалајв“ од Пелопонез, од турските државјани, 20 рекле дека се полицајци гонети од Ердоган, а десет се Курди, меѓу кои универзитетски професори, еден пратеник и еден новинар.
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, во интервју за грчјата телевизија „Скај“ утрово рече дека бродот имал легални документи за пловидба, а турските државјани засега не поднеле барање за азил.
– Во овој момент тие не се нелегални мигранти, во земјата пристигнаа легално, со документи. Ако не поднесат барање за азил и сакаат да си заминат, можат да си одат – рече Митаракис, додавајќи дека сѐ уште не постојат официјални информации од надлежната крајбрежна служба.
Според грчките медиуми, за истражување на целиот случај вклучена е и Националната разузнавачка служба на Грција