Од седумнаесетте брисеви кои во текот на вчерашниот ден биле земени од пациенти згрижени во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола, 11 се позитивни на ковид 19, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Битола, објави Тера.
Со денешните нови позитивни случаи, бројката на ковид позитивни во „Сју Рајдер“ изнесува 23 лица, сите штитеници во хосписот.