Министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести посочи дека полицискиот час не е решение, туку неопходно е граѓаните да ги почитуваат мерките.
– Верувам дека утре Законот ќе се донесе во Парламентот, се со цел да избегнеме полициски час. И тоа се мерки кои практично имитираат полициски час. По 23 часот ништо нема да работи и граѓаните нема кај да одат. Сега и времето не е убаво, па би требало сите да седат дома – вели Филипче.
Тој апелира да се излегува само ако навистина некој има потреба.
– Целта е да се избегне групирањето. Целата е да се носат маски. Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои утре ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување на полициски час. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет на мерки кои можат да имитираат полициски час, се речиси секаде во сила – нагласи Филипче.