Влора Адеми стана дел од раководните структури на Собранието на Комората на Северозападна Македонија

Нови потпретседатели на Комората за Северозападна Македонија се Салим Хасани од компанијата „Модинг“, Ејуп Абдулаи од компанијата „Флуиди-М“ и Арсим Папранику од компанијата „Нептун“,

2,482

Стопанската Kомора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ)  вчера избра нови структури за Собранието.

За прв пат во структурите на СКСЗМ покрај новите потпретседатели Салим Хасани од компанијата „Модинг“, Ејуп Абдулаи од компанијата „Флуиди-М“, Арсим Папранику од компанијата „Нептун“, е избрана  и Влора Адеми од компанијата „Digicube“ и претставничка на Групацијата на Бизнис жени во СКСЗМ.






Со тоа, како што наведуваат од СКСЗМ, се потврдува заложбата да се  поддржуваат стопанствениците низ целата земја, со посебен акцент за женското претприемништво и младите претприемачи.

Од Комората информираат и дека се направени статутарни измени, според кои се воведува и можност за одржување на седниците на Собранието на СКСЗМ онлајн.

– Тоа  ќе помогне за зголемување на ефикасноста на органите на Комората за време на пандемијата – велат од СКСЗМ.

„СКСЗМ како институција е основана за да го поддржува и да му на служи деловниот сектор, со тоа што својата работа ја темели врз својата мисија и визија. СКСЗМ ги организира, штити интересите и ги промовира бизнисите дома и во странство и покрај предизвиците на глобалната конкуренција, со цел да стане водечка организација во застапување на интересите на бизнисите и создавање погодна средина за развој“, соопштуваат од СКСЗМ.

 

Поврзани содржини