Илија Димовски: Дали опозицијата треба да верува на попис спроведен од лица по партиски предлог на СДСМ и ДУИ?
Денес е светски ден на статистиката и се одбележува под слоганот: Да го поврземе светот со податоци во кои веруваме. Случајно или не, но повикот во Македонија би бил, да спроведеме попис во кој можеме да веруваме.
Тврдењето на премиерот Зоран Заев дека пописот е одложен поради барањето на опозицијата е точно од една и неточно од друга причиниа. Точната причина е дека опозицијата бараше да се одложи пописот, првично планиран за 2020, но единствено за да се донесе закон кој ќе е по европски стандарди на попишување, а неточната причина е дека Државниот завод за статистика не беше спремен за спроведување на пописот, а не е ни до овој момент (дури сега е во тек набавка на компјутери за спроведување на пописот), пишува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во својата анализа за пописот насловена „Балкански или европски попис 2021?“
Во продолжение ја пренесуваме интегрално:
Во текстот подолу ќе споделам неколку забелешки кои се релевнатни и значајни за предлог законот за попис од Владата на Република Македонија.
Тврдењето на Премиерот Зоран Заев дека пописот е одложен поради барањето на опозицијата е точно од една и неточно од друга причиниа. Точната причина е дека опозицијата бараше да се одложи пописот, првично планиран за 2020, но единствено за да се донесе закон кој ќе е по европски стандарди на попишување, а неточната причина е дека Државниот завод за статистика не беше спремен за спроведување на пописот, а не е ни до овој момент (дури сега е во тек набавка на компјутери за спроведување на пописот).
Одлагањето на пописот од 2020 за 2021 без усвојување на закон по европски стандарди, не значи ништо за опозицијата, а беше потребно само за неспремните државни органи.
Граѓаните да веруваат во неговите резултати.
Ќе го спроведува директорот на Државниот завод за статистика (назначен од партиска Влада на СДСМ и ДУИ), а право на врзан потпис и одлучување ќе има и заменик директорот (назначен од партиска Влада на ДУИ и СДСМ).
Не, нема да има документ со кој ќе се гарантира од страна на попишувачите и попишаните за веродостојноста на податоците. Треба да има за да има споредливи документи како доказ за точноста на пописот.
Не, нема. Се елиминира било каква активна улога на ова највисоко државно и стручно тело од областа на статистиката. Според законот ова тело ќе давало мислење за неколку акти при спроведувањето на пописот, а не се ни прашани за содржината на законот.
– Дали има јасни дефиниции од кои државни органи ќе се користат дата бази на податоци и какви податоци ќе се црпат од нив?
Секако дека нема. Се тоа е оставено на добрата воља на директорот (од СДСМ) и заменик директорот (од ДУИ). А треба да се дефинираат бидејќи и сега државата има релативно точни податоци за тоа колку луѓе живеат реално во државта, каде живеат, дали се сиромашни или богати, колку имот имаат, која етничка или религиска заедница е нивна, кој им е мајчин јазик итн. Некористењето на овие податоци или селективното користење остава простор за сомнеж од злоупотреби.
– Кој ќе го спроведува пописот на терен?
Само по еден попишувач, без да има било каква можност за присуство на двајца попишувачи заради точност на податоци. Да потсетам, тој еден попишувач дури и нема да има обврска да се потпише на докуметн за веродостојност на податоци.
– Дали е предвидено постпописно истражување на точноста на податоците (според европски стандарди)?
П.С. Денес е светски ден на статистиката и се одбележува под слоганот: Да го поврземе светот со податоци во кои веруваме.
Случајно или не, но повикот во Македонија би бил, да спроведеме попис во кој можеме да веруваме.
