Германците во паника, власта со гаранции дека ќе има доволно тоеалетна хартија

348

Во маркетите во Германија, поради сѐ потешката епидемиолошка ситуација во таа земја, и во Европа, повторно има навалица за тоалетната хартија.

Поради тоа реагирала и владата, давајќи им гаранции на Германците дека ќе има доволно тоалетна хартија.Министерот за сообраќај Андреас Шојлер за „Билд“ изјавил дека владата гарантира дека во текот на пандемијата на коронавирусот ќе има доволно тоалетна хартија, пренесува Б92.






Министерката за земјоделство Јулиа Клекнер вели дека нема потреба граѓаните да прават залихи.

– Ланецот за снабдување функционира – изјавила таа за „франкфуртер алгемајне цајтунг“ и апелирала потрошувачите и покрај порастот на заразени да не купуваат поголеми количества отколку вообичаено.

И шефот на кабинетот на германската канцеларка Хелге Браун вели дека граѓаните не треба да стравуваат што се однесува до снабдувањето на продавниците.

Поврзани содржини