ВМРО-ДПМНЕ: Имаа осум месеци да се подготват за вториот бран, Филипче и Комисијата да поднесат оставки
ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за здравство Венко Филипче да поднесе оставка. Колку побрзо поднесе оставка, велат, толку повеќе животи ќе се спасат.
Венко Филипче за својата неспособност и за катастрофалната епидемиолошка состојба во Македонија постојано се обидува да бара виновници во друг, само не во самиот себе. Еднаш тоа е опозицијата, друг пат угостителите, а сега ги обвинува граѓаните. Срамно и бедно, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.