Филипче: На Инфективна се пополнети сите кревети, во функција е модуларното одделение

643

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека целосно е пополнет капацитетот на Инфективната клиника и дека од синоќа се активира модуларната болница поставена во близина на клиничката зграда.

– Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение – изјавил Филипче.






На помош е дојден и персонал од  Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза. Министерот претходно најави дека има уште само 10 места на Инфективна, но со новиот бран и новите заразени, целиот капацитет се пополнил.

Во изминатите 24 часа примени биле 13 пациенти, и вкупно хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, а нема пациенти на респиратор.

Поврзани содржини