Фрчат казни за неносење маска, само вчера биле казнети 890 лица
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19, се вели во соопштението од МВР.
Само во изминатите 24 часа, полицијата санкционирала 890 лица поради тоа што не носеле заштитна маска.
„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 890 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19“, се вели во соопштението од МВР.