Јувентус сака да го шутне Кедира, ама тој не се дава евтино
Триесет и тригодишниот Германец сака да добие обесштетување во висина од шест милиони евра, пренесува „Фудбал Италија“.
Јувентус не може да се договори со играчот за врска Сами Кедира да го раскине договорот, којшто е со важност до јуни 2021 година.
Триесет и тригодишниот Германец сака да добие обесштетување во висина од шест милиони евра, пренесува „Фудбал Италија“.
Од друга страна, клубот му нуди околу 3 милиони, објави новинарот Николо Скира.
Претходно се дозна дека за Кедира е заинтересиран ПСЖ.