Веќе извесно време се шпекулира за врската на познатиот холивудски актер Бред Пит и младата германска манекенка Никол Потуралски, а приказната доби и ново продолжение.
Американските медиуми пренесуваат дека Никол е бремена, а дека актерот, наводно, ќе стане татко седми пат.
– И двајцата се многу возбудени, иако Бред во прво време беше малку шокиран и збунет – открива извор близок на двојката.
Странските медиуми пренесуваат дека Никол е во третиот месец од бременоста и дека напролет би требало да се породи.
Нивната врска и однос брзо се развија. Бебето не го планираа, но им се случи и сега се во слатко исчекување. И двајцата посакуваат девојче, особено Никол, која веќе има син“ – открива изворот, а двојката сѐ уште не се огласила по повод информациите за бременоста.
View this post on Instagram
select one😇 . #photoshoot #photoshooting #selfie #portrait #style #fashion #model #hello
ФОТО: Инстаграм