Фјола Морина, Албанка од Косово, е приведена од албанската полиција на граничниот премин Морина под сомнение дека имала намера да прошверцува огнено оружје преку границата.
Во чантата на пејачката е пронајден пиштол со 23 куршуми, а при претрес на нејзиното возило и пиштол што личи на запалка, соопштила граничната полиција.
При извршената контрола на втората линија, во чантата на Ф.М. (34) жителка на Приштина, Косово, граничната полиција пронајде и заплени како доказен материјал огнено оружје тип „зораки“ со 23 куршуми. Во багажникот на возилото пронајден е пиштол што личи на запалка“, стои во билтенот на полицијата.
Приведени се и сопатниците на пејачката Ф.М. (29) исто така од Косово и Метохија, и Ф.С. (29) од Белгија, јавија локалните медиуми.
ФОТО: Инстаграм