Дајмлер ќе плати 1,5 милијарди долари за скандалот со тестовите за издувни гасови

„Дајмлер“, заедно со „Фолксваген“, се најде во група производители на автомобили обвинети за кршење на прописите за загадување на животната средина и измама на тестови за издувни гасови за дизел возила за да се намали резултатот од штетните емисии.

361

Германскиот производител на автомобили „Дајмлер“ и неговата подружница „Мерцедес-Бенц САД“ се договорија со американските власти да платат 1,5 милијарди долари за повлекување на тужбите поднесени за измама на тестовите за издувни гасови.

Договорот вклучува и парична казна од 875 милиони долари.






– Денеска испраќаме јасна порака: ќе го спроведуваме законот и ќе ги заштитиме животната средина и јавното здравје – рече претставникот на Агенцијата за заштита на животната средина на САД, Ендру Вилер, на прес-конференција.

„Дајмлер“, заедно со „Фолксваген“, се најде во група производители на автомобили обвинети за кршење на прописите за загадување на животната средина и измама на тестови за издувни гасови за дизел возила за да се намали резултатот од штетните емисии.

Договорот со Министерството за правда на САД предвидува и независно тестирање на емисиите на штетни гасови од дизел моторите на „Дајмлер“.

Поврзани содржини