Српската актерка Даниела Штајнфелд, која најдобро ја познаваме како убавата Мариола од филмот „Ивкова слава“, предизвика хаос во јавноста откако откри дека на почетокот на кариерата била силувана од моќен човек од српската филмска индустрија, пишува „Мондо.рс“.
Засега јавноста не го знае идентитетот на напаствувачот. Даниела треба да биде сослушана, а неодамна се појави и веста дека наводно моќникот кој ја напаствувал ѝ се заканувал.
– Јас не сум единствената што ја силуваше, но јас сум единствената која проговори за тоа. Голем проблем е тоа што жените молчат. Затоа, паѓаат во депресија, се препуштаат на алкохол, честопати се обидуваат да се убијат. И јас молчев, дури избегав од Србија во Америка за да не ме силува повторно – рекла актерката откривајќи како се случил ужасниот чин.
„Тој ме повезе со автомобилот и ме силуваше во автомобилот. Никогаш не сум помислила дека тоа може мене да ми се случи, особено не од човек на кој му верував. Тој беше авторитет за мене во бизнисот со кој се занимавав. Бидејќи тој е постар од мене и на повисока позиција во професијата, се однесуваше како да има право над моето тело.“
Инстаграм