Популарната српска водителка Деа Ѓурѓевиќ пред година ипол доживеа страотна сообраќајна несреќа, во која автобус ѝ ја откина раката. Оттогаш храбрата водителка помина вистински пекол. Но, со нејзината волја, упорност и храброст, како и со поддршката од најблиските, таа храбро поминува низ сите премрежија.
Деа сега решила да го покаже резултатот од долготрајниот труд и закрепнување. Ги тргнала сите завои и покажала како нејзината рака изгледа сега, по макотрпните операции и долгиот пат на закрепнување.
Водителката ја објавила фотографијата на својот профил на Инстаграм, а многумина ѝ аплаудирале и ја поддржале во неустрашивоста и храброста.
Убавата Деа насмеана позирала од нејзиното работно место во српската телевизија.
ФОТО: Instagram