Стоилковски: Заев и Ангеловска да ги вратат парите од антикризните мерки земени за своите фирми
ВМРО-ДПМНЕ бара Јавоното обвинителство да отвори предмет за злоупотреба на положбата на Заев и Ангеловска бидејќи дале пари од буџетот за нивните фирми.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јсвното обвинителство да отвори случаи за злоупотреба на службената положба и овластување против актулениот премиер Зоран Заев и поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, бидејќи како што велат од партијата тие на своите фирми исплатиле антикризна помош.
– Зоран Заев дал над 800 илјади денари државна антикризна помош за семејната компанија која врти милиони – Еленица, додека Нина Ангеловска си дала парична помош за својата фирма за интернет трговија Вебспот во висина од над половина милион денари.И двајцата од позиција на функционери во владата, дале на свои приватни фирми пари од државниот Буџет – изјави денеска портпаролот на партијата Наум Стоилковски.
Тој појасни дека Зоран Заев е повторно премиер, а Нина Ангеловска како поранешна министерка не се аболицира од одговорност за сторените неправилности за време на вршењето на функцијата.
– Имаме основано сомнение дека во случајот е извршено кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик со што е сторена штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, што се казнува со казна затвор од најмалку 4 години.Недозволиво е да се мешаат јавниот и приватниот интерес и премиерот и министерот за финансии да си делат пари од буџетот со кој треба да управуваат, во интерес на целата држава и народ.
Ниту Зоран Заев, ниту Нина Ангеловска не смеат да ги користат парите на граѓаните за помагање на фирмите во кои тие или членови на нивното потесно семејство се сопственици. Го повикуваме ЈО да го истражи случајот и во најбрз можен рок да изврши дејствија во насока на враќање на парите кај граѓаните – рече Стоилковски.
Тој ги повика Заев и Ангеловска да ги вратат парите колку што е можно побрзо и да не чекаат евентуална судска постапка, со што штета врз буџетот би била уште поголема.
– ЈО го повикуваме да отвори постапка со цел казнување на ова недозволиво работење на штета на народот.Но бидејќи ЈО и досега не реагираше по допрен глас по сите оние пресови и изјави дадени пред зградата на ЈО затоа сега по оваа прес конференција, овој текст што го прочитав ќе го доставам до Јавниот обвинител ако не слуша барем може да прочита за што се работи и да има допрен глас за да поведе постапка – рече Стоилковски.