Николовски: Се гледаме на демонстрации уште оваа есен

Демонстрациите ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, а нема капацитет ни за реализација на ветувањата, најави Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

890

Ќе се гледаме по македонските градови и села, затоа што ова е коалиција на лагата, рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за избор на нова влада.

– Оваа коалиција ќе биде срушена на масовни демонстрации во македонските градови и села. Демонстрациите ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, а нема капацитет ни за реализација на ветувањата. Народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада. Се гледаме на демонстрации и заедно ќе ја собориме оваа власт која ќе биде со најкраток мандат во историјата на Македонија – истакна Николовски.






Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, пак, му возврати на Николовски дека тој најавувал протести уште лани.

– Најавувавте протести, најавувавте народ по улиците. Највувавте дека ќе ја паѓавте владата, но ништо од тоа – рече Костадинов.

Поврзани содржини