Франција воведува нови рестриктивни мерки поради ковид-19?
Доволно научивме дека ништо не може да се исклучи. Но, правиме се што можеме за да го спречиме тоа - рече Макрон.
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека не може да го исклучи повторното воведување рестриктивни мерки доколку епидемијата на коронавирусот излезе од контрола.
Како што пренесува Би-Би-Си, тој рече дека неговата Влада прави се што е можно за да се избегне воведување нови рестриктивни мерки низ целата земја.
– Доволно научивме дека ништо не може да се исклучи. Но, правиме се што можеме за да го спречиме тоа – рече Макрон.
Во последните неколку дена, во Франција се забележува голем скок на бројот на новозаразени од Ковид-19, што доведува до зголемени стравувања од втор бран на епидемијата и враќање на рестриктивните мерки кои би наштетиле на веќе ослабената економија.