Нудистичко одморалиште на медитеранскиот брег во Франција бележи пораст на заразени со коронавирусот и на нудистите им се препорачува да носат маски и да држат дистанца.
Тестирањата покажале дека 30 отсто од стапката на заразени се поврзува со нудистите кои престојуваат во нудистичкото село, објавиле здравствените власти.
Тоа е пчетири пати повеќе во споредба со стапката од седум отсто заразени меѓу луѓето од тоа подрачје кои не го посетувале нудистичкото одморалиште.
– Заразени има насекаде, вклучувајќи ги и луѓето кои не се „либертанци“. Пораката е иста за сите: носете маски, мијте раце и држете дистанца, без разлика дали сте „либертанци“ или не – велат надлежни од здравството.
Власта по тестирањето наредила луѓето да носат маски во кампот, забранила собирање на повеќе од 10 луѓе и го скратила работното време на ноќните клубови.
Cap d Agde е едно од најстарите и најголеми нудистички одморалишта во Франција кое во летната сезона привлекува десетина илјади посетители дневно.
Фото: Јутарнји лист