Се урна авион по полетувањето од аеродром во Јужен Судан

212

Товарен авион се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Џуба, главниот град на Јужен Судан.

Официјални лица стравуваат дека во несреќата загинале неколку лица, јави агенцијата Анадолија.






Кур Куол, директор на меѓународниот аеродром „Џуба“, за Анадолија изјави дека во авионот, што и припаѓал на компанијата „South West Aviation“, а требало да лета кон северната држава Бахр ел Газал, имало осум лица.

– Осум лица беа во авионот и се уште немам детали за бројот на загинати во несреќата – рече Куол.

Очевидци за Анадолија изјавиле дека едно повредено лице било пренесено во болница и дека виделе шест тела на земјата.

Поврзани содржини