За жал, пренесувањето на вирусот покажува опасен нагорен тренд, рече министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас по состанокот за ковид-19 во премиерската палата.
Тој најави дека ќе бидат соопштени нови мерки, а упати и апел до младите, јави дописничката на МИА од Атина.
– Уште еднаш упатувам апел до младите и до граѓаните што не ги почитуваат основните мерки за индивидуална заштита, маски, хигиенските правила, растојанието, да ја земат предвид нивната одговорност кон ранливите групи граѓани и останатите наши сограѓани во земјата – рече Кикиљас додавајќи дека Владата ќе соопшти нови мерки.