Бугарската полиција ги отстрани шаторите на демонстрантите, уапсени 12 лица

Организаторите беа уапсени затоа што одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА и информира дека подоцна биле ослободени.

134

Бугарската полиција рано утрово ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни контролни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот, и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот.

Организаторите беа уапсени затоа што одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА и информира дека подоцна биле ослободени.






Демонстрантите поставија шатори пред зградата на Советот на министри, Универзитетот во Софија и мост, блокирајќи го сообраќајот. Според полицијата, при отстранување на шаторите не била користена сила.

Поврзани содржини