На повидок пресврт, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред договор за новата влада?
Опцијата за премиерската позиција која сега е на маса е една година, од август годинава до август следната година, премиерот да го даде ДУИ, а потоа три години премиерот да биде од ВМРО-ДПМНЕ.
Веста што ја пренесуваат вечерва (5 август) албанските медиуми, дека е на повидок коалиција меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, потекнува од партиски извори кои имаат директна врска со преговарачите, дознава Плусинфо.
Како што пишуваат медиумите на албански јазик, ВМРО-ДПМНЕ смета на гласовите на Левица, со тоа што Левица би ја поддржала новата влада без да учествува во неа.