САД очекуваат влада која ќе ја води С. Македонија напред кон ЕУ

Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер нагласи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моментното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на стратешките цели.

1,089

САД очекуваат добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија, рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер, кој учествуваше на виртуелен брифинг на „Балкан инсајдер“ во Вашингтон, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

– Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Северна Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија – рече Палмер.






Тој нагласи дека САД очекуваат новата влада да биде посветена и на имплементирање на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека независно од тоа каква влада ќе излезе од моментното коалицирање на политичките актери, ќе може да најде силен и натамошен партнер во САД, доколку биде посветена на исполнување на овие цели.

Поврзани содржини