Тепачка на летот Амстердам-Ибица, патници одбиле да носат маски

908

На летот на хландската авиокомпанија КЛМ од Амстердам кон Ибица се случи тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.

Патниците помогнале да бидат совладани двете лица, кои по слетувањето на Ибица се уапсени од страна на шпанската полиција.






– Двајца непристојни патници одбиле да носат маски и физички и вербално ги вознемирувале другите патници – изјави портпаролот на КЛМ.

Тој додаде дека не била загрозена безбедноста на летот.

Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.

Поврзани содржини