Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села денеска на прес конференција за изборите го потсети политичкиот опонент Али Ахмети дека имал едно ветување, премиер Албанец и за тоа нека преговара за состав на новата влада, но ако не успее ДУИ да оди во опозиција.
– Ние веруваме во демократија. ДУИ е легален субјект по овие избори но не и легитимен. Врз основа на тоа тие имаат право да преговараат за влез во влада. На изборите тие имаа само едно ветување – премиер Албанец и нека преговаарат за тоа, ние нема да се буниме. Но ако не успеат во тоа тогаш треба самите да знаат дека им е време да бидат опозиција – порача Села.
Според него,, проблемот е што 30 години сме немалепремиер, туку сме имале премиер Македонец. Села смета дека премиерот треба да е праведен за сите граѓани, за цела етничка заедница, а не само за одреден дел од населението. Тој повтори дека албанскиот јазик треба да стои како албански во Уставот и дека само тогаш ќ сее докаже дека градиме една држава за сите.
– Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот рече Села за тоа со кого повеќе контактира деновиве околу формирањето на идната влада, дали со лидерот на СДСМ Зоран Заев или со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој информацијата за ротирачки премиер при што ДУИ би добиле една година премиерско место смета дека е пораз и тогаш барањето на ДУИ за премиер било лажно предизборно ветување.