Околу 19.30 часот вечерва пред поликлиниката Чаир физички e нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз. Причините за нападот, засега, не се познати, а Агим Јонуз пишува колумни во порталот „Вечер“ и е критички настроен кон актуелната власт пишува „Вечер“.
Како што јавува порталот, колумнистотЈонуз сам се одбранил од напаѓачите, а случајот не бил пријавен во МВР.