Тоалетна хартија од демонстрантите за владата на Борисов ВИДЕО

672

Седумнаесети ден по ред  демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител денеска се собраа во Софија на протест.

Тие попладнево го запреа сообраќајот во непосредна близина на зградата на Националното собрание и пред претседателството, скандирајќи го барањето „Оставка“, пренесе БТА.






Демонстрантите фрлаа тоалетна хартија кон зградата на бугарската влада.

Под две недели непрекинати протести премиерот Бојко Борисов неделава ја реконструираше владата, но демонстрациите продолжуваат со барање оставка од целата влада.

Претседателот Румен Радев, исто така, побара оставка од владата пред десетина дена.

Поврзани содржини