По вчерашните избори во Северна Македонија ќе следат долги преговори за владина коалиција, која би требало да биде верзија на досегашната, напиша на Твитер поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот Карл Билт.
„Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција, но најверојатно ќе видиме верзија на сегашната влада и во текот на следните неколку години, како резултат на вчерашните избори“, наведува Билт.