За непочитување на полицискиот час 13 граѓани ќе платат по 2.000 евра

76

Скопското обвинителство  денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.






Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Додека полицискиот час бил во сила, тие се движеле низ градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

 

Поврзани содржини
na