Шекеринска: Никој во ДУИ не навива Зибери да биде премиер

232

Секој пат кога ќе видите човек кој ја вади етничката карта во кампања, да знаете дека тој ништо друго нема што да ви понуди. Ги нудат рециклираните национализми и со тоа апла соопштуваат дека нема што друго да понудат. Дали тоа е од што се заситени од практикување на власта или од многу кампањи не знам. Граѓаните очекуваат нешто различно, изјави Радмила Шекеринска во емисијата „Само вистина“ одговарајќи на прашање поврзано со капмањата на ДУИ за премиер Албанец.

– Еве и сега гледате 10 минути од дебатава зборуваме за тема која не постои. ДУИ пушти петарда и ние сега треба да го гледаме чадот и да не гледаме дека тој е бессуштински. Никој во ДУИ не работи и навива Зибери да биде премиер. Ова им е нив само пополнување на времето во нивната кампања. После овие избори, премиер ќе биде Зоран Заев, кој зборува македонски јазик и кој е Македонец и кој има силна поддршка и кај Македонците и кај Албанците и кај Турците итн – рече Шекеринска.

Поврзани содржини