Шефот на Централниот изборен штаб на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ги повика сите активисти на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива како и другите да обезбедат слободно гласање за граѓаните, затоа што според него промената доаѓа само преку слободни и фер избори:
– Како шеф на Централниот штаб на Алијансата за Албанците за предвремените парламентарни избори во 2020 година, ве молам да нема закани кон граѓаните, нека гласаат со срце за тие што сметаат дека заслужуваат да бидат во Собранието. Граѓаните се целосно свесни дека „Сега е време“ – рече Таравари.
К