Кнесетот усвои вонреден закон за борба против ковид-19
Новата одлука е донесена еден ден откако израелската влада повторно воведе рестриктивни мерки за сузбивање на новиот коронавирус. Забранети се собири и повторно се затворени рестораните, кафулината, театрите, вежбалниците и базените
Кнсетот денеска усвои вонреден закон со кој и се дозволува на владата да ги заобиколи парламентарните одбори при донесување на итни одлуки за борба против новиот бран на ковид-19.
Вонредниот закон е донесен со цел владините одлуки за борба против ковид-19 да можат веднаш да стапат во сила.
Дел од опозициските пратеници го осудија занемарувањето на законодавците наведувајќи дека тоа е уште еден чекор во поткопувањето на основите на израелската демократија.
Новата одлука е донесена еден ден откако израелската влада повторно воведе рестриктивни мерки за сузбивање на новиот коронавирус. Забранети се собири и повторно се затворени рестораните, кафулината, театрите, вежбалниците и базените.
Во Израел, по укинување на мерките, се пријавуваат над илјада новозаболени лица дневно.