ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска се сети на Охрид по три години

188

Шекеринска во 2016 година ветуваше кули и градови, потоа три години никој не можеше да ја види, за сега пак да се појави на реконструкција на улица и да зборува за некои големи капитални инвестиции. Три години не направија ништо за Охрид освен што го заборавија и запоставија. Три години не фрлија ниту една лопата на автопатот Охрид–Кичево. Во Охрид дозволија да владее партиско-урбанистички хаос кој го загрозува статусот на градот и езерото во УНЕСКО – соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Радмила Шекеринска.

Министерката за одбрана и заменичката на претседателот на Владата, Радмила Шекеринска, денеска беше во работна посета на Охрид, за време на којашто, меѓу другото, изјави:






– Во Охрид можам да видам една огромна изградбена експанзија која што ги опфаќа најважните патни правци, најважните улици, најважните инфраструктурни проекти за огромен број на граѓани на Охрид и тоа покажува дека многу е важно централната и локалната власт добро да соработуваат, да соработуваат за потребите на граѓаните, но и второ, важно е да инвестираме инфраструктурни проекти, важно е да ги знаеме приоритетите и да градиме навистина по план – рече Шекеринска.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат:

– Таа ветуваше дека ќе го спречи иселувањето , па дури и дека ќе ги враќа младите назад. Напротив со лошите економски политики уште повеќе ги фрлија граѓаните во сиромаштија и бесперспективност.

Очигледно Шекеринска се сеќава на народот само пред избори и им ги нуди истите препакувани лаги од 2016–та година. Во меѓувреме владата на СДСМ, Шекеринска и Заев МОЖЕШЕ но не направи ништо за граѓаните.

СДСМ, Шекеринска и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

 

Поврзани содржини