Скандал: Со години спиев со сопругата на Вил Смит, а тој тоа го знаеше! ВИДЕО

4,179

Младиот пејач Огаст Алсина (27) изјави дека со години бил во врска со актерката Џејда Пинкет Смит, и дека нејзиниот сопруг, холивудската ѕвезда Вил Смит, „знаел за тоа и немал ништо против”.

Неговата приказна е главна тема на американските медиуми, ѐ раскажал и пикантерии!






– Нѐ запозна нејзиниот син Џејден, во 2015 година. Вил знаеше за нашата врска и немаше ништо против. Таа е единствената жена што сум ја сакал некогаш, ѝ се посветив со целото мое битие во текот на повеќето години – изјавил Огаст во емисијата на Анџела Ји

Огаст во моментот го промовира албумот „The Product Ill“, па не е исклучено дека само сакал дополнително да се промовира, така што еден од најдолговечните бракови во шоубизнисот „да го провлече низ кал“.

Џејда Пинкет Смит тврди дека нема никаква врска со Огаст.

Интересно е дека Вил и Џејда, имаат „отворен брак“ и тоа не го кријат. Но, Џејда и понатаму тврди дека Огаст никогаш не бил дел од нивната приказна.

Вил и Џејда се венчаа во 1997 година, и повеќепати зборувале дека ќе направат сѐ еден за друг.

– Не постои ништо, ништо што таа би можела да направи, а што би ме натерало да ја оставам. Ништо нема да ја разори нашата врска. Џејда ја има мојата поддршка до мојата смрт – изјавил Вил.

Имаат две деца, Џејден (22) и Вилоу (20).

Ова е Огаст кој тврди дека бил во долгогодишна врска со Џејда!

 

 

 

View this post on Instagram

 

🎶 THE PRODUCT 3 Drops at Midnight🎶 🌍

A post shared by Yungin’ (@augustalsina) on

 

ФОТО: urbanislandz.com

Поврзани содржини