Петмина завршија во карантин на своја сметка последното деноноќие
Вкупно 544 граѓани фатени како не носат маски.
Вкупно 886 граѓани во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
Како што е соопштено полицијата извршила контроли кај граѓаните кои се во изолација и самоизолација, a евидентирани се петмина кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ.
Полицијата регистрирала 544 прекршоци кои се однесуваат на не носење маски.