Градинките остануваат затворени, базените чекаат правила за соблекувални

Базените остануваат затворени во претстојниот период , иако тие се безбедни, но протоколи ќе требаат за соблекувалните.

407

Градинките се уште не може да ги отвориме, бидејќи сакаме да ги заштитиме децата. Училишната година заврши, апелирам до родителите, да им укажат дека треба да носат маски и да не се групираат, иако младите поретко заболуваат и најчесто се асимптиматски, но ја шират заразата – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на прашањето кога најрано би се отвориле градинките – дали за една недела, или за десет дена.

Тој потсети дека мајките, односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа, нагласи тој и изрази уверување дека може да се реши административниот проблем, како што рече, во однос на градинките за родители кои реагираат – мајките на кои породилното боледување им завршило пред  вонредната состојба, а не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.






Во Владата ќе се разговара и за ослободување на мерките на рестрикција што важат за многу економските оператори што се под клуч, а за кои има протоколи.

– Базените остануваат затворени во претстојниот период , иако тие се безбедни, но протоколи ќе требаат за соблекувалните. Имаше состанок и со овие оператери на кој се разговараше за протоколите. Тие се, практично спремни и побараа пред повеќе недели, базените да се наполнат. Тие се безбедни – рече денеска  министерот Филипче одговарајќи на прашање на новинарите.

 

Поврзани содржини